Кон содржината
OSINT.MK
OSINT.MK
ИСТРАЖУВАЈТЕ СО ОТВОРЕНИ ИЗВОРИ

Моите омилени

ДЕМОКРАТИКА / OSINT.MK

Добредојдовте назад.

Најавете се за да зачувувате и оценувате алатки.

Најави се со Демократика →

Користете ја истата сметка. По најавувањето ќе се вратите на избраната страница.

МАКЕДОНСКИ ИЗВОР · Инфраструктура

MARnet WHOIS — .mk и .мкд

Проверка на македонски домени со резултат директно во OSINT.MK.

5,0 / 5 · 1 оценкаОцени ја алатката

Работна површина

Јавен API

Доменот се испраќа до WordPress серверот, кој го прашува MARnet. Јавно објавеното досие, вклучително регистрант и контакти, се кешира 5 минути. Полиња означени DATA REDACTED остануваат скриени; не се дополнуваат од други извори.

Што прави алатката

Вградениот преглед ја презема јавната WHOIS страница од MARnet и ги прикажува доменот, регистрантот, организацијата, јавно објавените контакти, регистрарот, датумите, статусот и DNS податоците. Досието е поделено по улоги: регистрант, административен и технички контакт. Е-поштата се прикажува како на оригиналната страница. Секој резултат има линк до изворното досие.

Примена во независно истражување

Проверка на старост и регистрациски контекст на веб-страница, споредба на инфраструктура и документирање јавни доменски траги.

Пример за примена

Истражувач проверува кога е регистриран сајт што се претставува како институција; новинар ги споредува DNS опслужувачите со други јавни траги.

Како да започнете

  1. Внесете целосен .mk или .мкд домен без патека.
  2. Прегледајте ги регистрантот, контактните улоги, датумите и DNS податоците.
  3. Потврдете го наодот во оригиналното досие преку приложениот линк.

Ограничувања и толкување

WHOIS не е доказ кој ја уредува содржината на сајтот. Заеднички DNS може да значи заеднички хостинг. Не се откриваат скриени контакти; ограничените или недостапните податоци остануваат такви.

ПОВРЗУВАЊЕ НА НАОДИ

Комбинирајте со други алатки

Предложени истражувачки чекори; секоја алатка се користи одделно.

URL Inspector

Проверете го реалниот hostname на сомнителна адреса пред WHOIS пребарување.

crt.sh

Споредете ја доменската трага со јавни сертификати и поддомени.

Извори и документација

Описот е уредничка обработка на официјалната документација на македонски. Примерите и предложените комбинации се насоки на OSINT.MK. Уредничкиот преглед не е гаранција за достапност на надворешната услуга.

Овој сајт е заштитен со Google reCAPTCHA. Важат Политиката за приватност и Условите за користење на Google.